Повремениот македонски репрезентативец Димитар Митровски го постигна својот го првенец во дресот на Вараждин во хрватското фудбалско првенство. Во денешниот меч од 33. коло, екипата на вараждин славеше на гости кај Шибеник со 2:0.
Нашиот интернационалец го постигна водечкиот гол на мечот во 69. минута. Митровски остана на теренот до 84. минута кога беше заменет.










