Дефанзивецот Есмин Личина и во следните две години ќе биде дел од тимот на Македонија ЃП откако денеска и официјално потпиша нова едногодишна соработка.
Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, и дете на школата на ФК Вардар во Ѓорче Петров што се вели го пронајде својот втор дом, и очигледно дека нема намера во брзо време од таму да си замине.
Тој е дел од тимот од 2019 година, а претходно настапуваше уште и за тимот на Скопје.
За македонските младински селекции одигра преку дваесет мечеви.















