Брегалница се раздели со Мојсов, Ѓокиќ, Хаџановиќ и Кордоба, а продолжи со Силјановски

272

Македонскиот прволигаш Брегалница се раздели со четворица фудбалери. Од клубот им се заблагодарија на Даниел Мојсов, Милан Ѓокиќ, Адис Хаџановиќ и Кордоба за досегашниот придонес и им посакаа успешна понатамошна кариера.
Во меѓувреме од клубот соопштија дека го продолжиле договорот со еден од најдобрите играчи на оваа екипа Горан Силјановски.
„Имавме успешна пролет и една од најуспешните сезони на Брегалница во прволигашкото друштво. Сето тоа ни носи нови мотиви за новата сезона која ќе биде нов сериозен предизвик за мене во синиот дрес, за уште поголеми успеси во иднина“ – истакна Силјановски по договорот за продолжување на соработката.

ПретходноШкендија се пофали со првото летно засилување
СледноМакедонија ЃП закажа четири пријателски натпревари во Словенија