Ф1 би можела да ги врати Франција и Германија во календарот!

112

Оваа сезона Формула 1 нема да се вози во Франција и Германија, две важни земји за “најбрзиот циркус“ во светот ба спортот. Сепак се прават напори и двете земји да се вратат во календарот и за тоа има шанси.

Имено предминатиот викенд, кога се возеше во Монте Карло, челниците на Ф1 имаа состанок со луѓето кои се сопственици на култната патека во Франција “Пол Рикар“, на кој станало збор за да некоја од следните сезони повторно на оваа патека да се вози Ф1. Исто така имало предлог во календарот да се врати и Германија.

Се шпекулира дека, ако дојде до договор, тогаш во некоја од наредните години би се возела напоредно во Франција и Германија. На пример во Франција во 2024, па во Германија во 2025…

ПретходноТотенхем потврди, Постекоглу нов менаџер
СледноШкупи и Шкендија и во 2.квалификациско коло во ЛК, ако го минат првото, ќе бидат носители во ждрепката!