Шкендија се пофали со првото летно засилување

612

По назначувањето на новиот тренер Ардијан Нухиу, екипата на Шкендија работи и на засилувањата. Првиот летен трансфер е враќањето на Мевлан Адили кој потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.
Адили играше за Билис од Албанија, претходно во СКА Хабаровск, Жалгирис, УТА Арад од Романија…
Среќен сум што се враќам во Шкендија, средина која добро ја познавам. Свесен сум што бараат од мене и спремен сум тоа да го дадам. Да бидам искрен, од секогаш сум го сакал овој клуб. Дури и кога ја напуштив Шкендија ми остави впечаток затоа што е добро организиран клуб. Дојдов да станам шампион и се надевам дека тоа ќе се случи, а притоа ќе оставиме добар впечаток во Европа“, изјави Адили.

Тетовскиот клуб денеска соопшти дека го раскинале договорот со фудбалерот од средниот ред Мустафа Мујезиновиќ.

ПретходноСабаленка e во полуфиналето на Ролан Гарос
СледноБрегалница се раздели со Мојсов, Ѓокиќ, Хаџановиќ и Кордоба, а продолжи со Силјановски