Алкараз во три сета подобар од Милер, Циципас со пресврт до триумф против Мареј!

104

Денеска се играа повеќе мечеви на гренслем турнирот на Виблдон. Првиот носител Карлос Алкараз со 3:0 во сетови беше подобар од Французинот Александер Милер. Сепак не беше се така идеално за младиот Шпанец, тој во сите три сета просто се изнамачи да ги добие, па така сега е во 1/16 финалето.

Стефанос Циципас пак со 3:2 во сетови го доби ветеранот Енди Мареј. Гркот поведе со 1:0 во сетови, но Британецот врати со два добиени сета за водство од 2:1. Сепак на крајот Циципас успеа со двата освоени сета да триумфира на овој меч со 3:1 и да се пласира во 1/16 финалето.

ПретходноКолашинац и официјално во Аталанта
СледноУ-20 ЕП Б -дивизија: Не беа доволни ни +15 и водство до 33.минута, Македонија поразена на стартот од Чешка!