Милан испратил понуда до шпански Виљареал за Самуел Чуквуезе. Според „Атлетик“, „росонерите“ се подготвени да платат околу 25 милиони евра за крилниот напаѓач, вклучувајќи и бонуси.
24-годишниот играч сака да го смени тимот и веќе ги договорил условите со италијанскиот клуб. Во Ла Лига во сезоната 2022/23, Чуквуезе одигра 37 натпревари и постигна 6 гола.
Милан до крајот на летото ќе мора да се потруди многу повеќе за да донесе некои адекватни засилувања ако сака да остане во трка за највисок пласман во Серија А следната сезона.










