Струга Трим Лум, нашиот шампион ова лето по вторпат ќе ја претставува Македонија на евро сцената. Во 2021 година настапи во квалификациите во Лигата на Конференции, а ова лето ќе го има својот деби настап во квалификациите во Лигата на Шампионите. Познато е дека на стартот стружани ќе ги одмерат силите со првакот на Литванија, тимот на Жалгирис.
Првиот меч се игра во Виљнус на 11 јули, а седум дена подоцна реваншот се игра на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид.
Па така Струга ТЛ деновиве во УЕФА го пријави списокот на играчи, на него се 24, кои ќе бидат во комбинација за двомечот со Литванците.
Список на играчи на Струга ТЛ:
ГОЛМАНИ: Кристијан Китановски, Раиф Мирселовски, Ведран Ќосевски. ОДБРАНА: Хадис Таири, Меџит Незири, Бесарт Кривањева, Ард Касами, Арди Идризи, Едис Малиќи, Вангел Згуро (АЛБ), Сава Радиќ (СРБ), Анес Истрефи. СРЕДЕН РЕД: Фљамур Таири, Бесмир Бојку, Буњамин Шабани, Хоган Укпа (НИГ), Валентин Кочоски, Јусуф Каба. НАПАД: Ментор Мазрекај (АЛБ), Абдулхади Јахја, Бесарт Ибраими, Марјан Радески, Сенад Јаровиќ (ГЕР), Христијан Малески.
Тренер: Шпетим Дуро (АЛБ).










