Арда Гулер: Имаше понуди, а штом ја видов на Реал сите други ми беа неважни

250

Турскиот фудбалски вундеркинд Арда Гулер го комплетираше трансферот од Фенербахче во Реал Мадрид. Иако се споменуваше Барселона, сепак, младиот фудбалер одбра да игра за Реал.
20 милиони евра ќе легнат на сметката на Фенербахче, уште 10 милиони во форма на бонуси, како и 20% при наредната евентуална продажба на играчот.
Гулер ги демантираше информациите дека не сакал да се враќа во Фенербахче како позајмен фудбалер, опција која ја нудеше Барселона.
Не ја исклучувам таа можност. Ако треба ќе играм на позајмица. Но во Реал ми рекоа дека ќе играм, а јас се чувствувам спремен. Дојдов да работам напорно и да дадам се од себе“, изјави Гулер.

Се зборуваше за интерес на Милан и Борусија Дортмунд кои се откажаа од трката, Барселона беше блиску до него, сакаше да потпише со него и да го отстапи на една сезона во Фенербахче поради финансиските проблеми, но Реал победи во трката.
Имаше понуди, но мојот приоритет беше Реал Мадрид. Неколку клубови ги презентираа своите понуди, но кога ја видов таа на Реал сите други ми беа неважни“, додаде 18-годишниот турски фудбалер.

Озил, Роналдо, Гути… сакам да бидам како нив. Зборував со Озил за совет, тој ми е како брат. Ни рече дека нема да погрешам со изборот. Разговарав со Анчелоти, тој ми кажа каде ќе ме позиционира. Моментално Лука Модриќ е најдобриот играч од средниот ред во светот. Од него ќе научам многу“, додаде Гулер.

ПретходноРоналдо остро: Странските тренери се подобри од бразилските
СледноПСЖ го претрка Челзи за уругвајски репрезентативец