Барселона и Реал Мадрид се во вистина „војна“ за потписот на шпанскиот центар Вили Ернангомез. Откако стана јасно дека Ернангомез реши да се врати во Европа, двата најголеми шпански клуба се обидуваат да го убедат да го облече нивниот дрес.
Пред два дена имаше информација дека Реал Мадрид му испратил понуда и дека најверојатно ќе ја прифати, а потоа во целата работа се вклучи Барселона.
Иако најавија намалување на буџетот од 40 на 30 милиони евра и се обидуваат да се ослободат од високиот договор на Никола Миротиќ, Каталонците не сакаат да ја пропуштат шансата да донесат ѕвезда како Ернангомез во својот тим.
Според правилата на АЦБ лигата, понудата на Барселона може да ја израмни Реал Мадрид во следните десет дена.










