Луис Енрике веќе најде замена за Мбапе во ПСЖ

484

Екипата на ПСЖ веќе има замена за Килијан Мбапе, доколку се случи Французинот да мора да биде продаден ова лето. Вчера парижани му дадоа ултиматум на Мбапе до 31 јули да го продолжи договорот или да си замине од екипата ова лето.

Според последните информации, замената за Мбапе во случај тој да биде продаден летово ќе биде Усман Дембеле. Луис Енрике кој седна на клупата на ПСЖ има решение за позицијата на Мбапе и со клубот почнале да работат на „бекап“ варијанта.

Дембеле е под договор со Барселона до јуни 2024 година и има откупна клаузула од 50 милиони евра, која ПСЖ лесно може да ја активира.

ПретходноИнтер ја комплетираше позајмицата на Фратези
СледноЈанакиевски е нов тренер на Каменица Саса