ПМФЛ: Скопското дерби се игра в понеделник на Арената “Тодор Проески“!

1690

Претстојниот викенд стартува новата 2023/24 сезона во нашата елитна лига. Засега сите мечеви се закажани за во недела (06.08), само скопското дерби меѓу Работнички и Шкупи за во понеделник (07.08). Ова веројатно по барање на чаирчани ако се знае дека тие денеска му гостуваат на Левски во Софија во реваншот од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Мечот меѓу Работнички и Шкупи се игра во понеделник на Арената “Тодор Проески“ со почеток во 17 часот.

На останатите мечеви од 1.коло во ПМФЛ се среќаваат Брера – Вардар, Струга ТЛ – Гостивар, Воска – Шкендија, Брегалница – Силекс, Тиквеш – Македонија ЃП, сите овие мечеви се играт во недела со почеток од 17 часот.

ПретходноМарјан Радески: Им благодарам на моите соиграчи кои ми помогнаа да постигнам хет – трик!
СледноБајката од Ф. Острови: Клуб од село со 5.024 жители ќе игра групна фаза! (ФОТО)