СП У-19: Македонија со победнички мисли против Австрија

234

Денеска попладне од 17.30 часот, во салата во Ријека, нашата млада ракометна селекција до 19. години ќе го одигра својот втор меч од главната рунда во групата -3 на СП во Хрватска. По оној вчерашен пораз од Данска, денеска ривал ќе биде селекцијата на Австрија. Исто така силен противник, но и противник ако се одигра квалитетно и борбено, би можел да се победи.

Секако дека желбата и мотивот за триумф над Австрија е голем кај избраниците на селекторот Раде Стојановиќ. Вчера и против Данска нашите момци имаа светли моменти, но сепак мора да се признае дека таа селекција е поквалитетна од нашата.

Во случај на триумф против Австрија попладнево во Ријека, нашата млада селекција ќе биде трета во групата и со тоа ќе се здобие со право да разигрува за пласман од 9 до 12 место на Мундијалот во Хрватска.

ПретходноЃорческа го подобри својот ранкинг во сингл и во двојки!
СледноКвалификации за ЕП 2025: Македонија во група со Литванија, Полска, Естонија!