Имран Фетаи со дополнителен повик за У21 репрезентацијата

459

Македонската репрезентација до 21. година за претстојниот дуел со Холандија на домашен терен кој се игра на 12 септември ќе биде посилна за стоперот на Тиквеш, Имран Фетаи.

Тој и досега беше на поширокиот список на млади репрезентативци, а по победата над Шведска синоќа, ете стручниот штаб на чело со селекторот Драган Канатларовски одлучи да му упати дополнителен повик.

Нашата млада репрезентација денеска се враќа од Шведска, слетува во 16:00 часот и ќе го следи во живо дуелот против Италија вечерва на Арената Тодор Проески.

 

ПретходноСалата Боро Чурлевски е подготвена за европски предизвици
СледноНапред Македонија!