Репрезентацијата на Словенија е седма во конечниот пласман на Мундобаскетот кој се одржува во моментов. Словенците препладнево беа подобри од Италија со конечни 85:89 и на тој начин стигнаа до посакуваната позиција пред овој дуел. Иако словенците очекуваа и повеќе, да играат и полуфинале но сепак, на чело со Лука Дончиќ ќе мора да се задоволат и со ова.
Најдобар поединец на мечот токму Лука Дончиќ со 29 поени, десет скока и осум асистенции и за само две додавања не стигна до трипл дабл.
Кај Италијаните најдобар Спису со 22 коша. Денеска на програмата е уште и дуелот за петтото место помеѓу Летонија и Литванија.










