Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамет Сејдини одржа гала пречек за своите гости од Италија, претседателот на Фудбалската Федерација на Итаија Габриеле Гравина, како и амбасадорот на Италија во Македонија Андреа Силвестри пред вечерашниот квалификациски дуел на двете репрезентации.
Нашата Федерација на чело со претседателот Сејдини направи се гостите да се чувствуваат во Скопје најдобро што може иако на терен секако, секогаш ќе бидеме ривали.
Тоа не значи дека пријателството вон теренот не може да биде цврсто, а на Македонија силни федерации како онаа на Италија секогаш и се потребни во процесот на етаблирање во европските и светски фудбалски рамки.










