Холандија со проблеми пристигнува во Скопје, главната звезда не сака да игра за У21

254

Нашата У21 репрезентација синоќа извојува стартна победа во новите квалификации откако во Јончепинг ја победивме Шведска со 0:1. Сега, на 12 септември во Скопје ни гостува Холандија, секако главниот фаворит во нашата група.

„Лалињата“ не пристгинуваат во идеална атмосфера. Нивниот селектор, Михаел Раизигер има проблеми со најдобриот играч, членот на Ливерпул, Рајан Гравенберг, кој јасно ставил до знаење дека нема да ја испочитува У21 поканата затоа што сака да се фокусира на настапите за клубот.

Тоа во јавноста во Холандија е оценето како недозволиво, а селекторот Раизигер коментира.

„Секако дека го предупредив за оваа негова одлука. Дека националнот тим мора да се почитува, и дека за државата мора да се игра со мотив и срце. Секако дека ни е потребен во овој момент, но… одлуката е негова. Да остане во Ливерпул и да не патува за Скопје“ – изјави Раизигер.

ПретходноАнтони во солзи објаснува…. не ја тепав девојка ми, таа ме удираше со чинии по глава (ВИДЕО)
СледноСејдини и Гравина на срдечна средба пред дуелот Македонија – Италија (ВИДЕО)