Антони во солзи објаснува…. не ја тепав девојка ми, таа ме удираше со чинии по глава (ВИДЕО)

945

Тимот на Манчестер Јунајтед повторно како во случајот со Мејсон Гринвуд се соочува со скандал на семејно насилство. Овојпат се работи за Бразилецот Антони кој е оптужен од страна на неговата девојка дека ја злоставувал физички.

Тој сега има голем проблем во татковината, па одлучи преку интервју да ги појасни нештата.

„Жал ми е што сум исфрлен од репрезентацијата затоа што не сум сторил ништо лошо. Ситуацијата беше ваква. Јас и девојка ми имавме ручек, а потоа во собата и реков дека заминувам. Тоа очигледно ја изнервира и ме удри со чинија. Откако си заминав дома, ги погледнав фотографиите кои ми ги прати на кои беше повредена. Не беше во таква состојба додека бевме заедно. Јас не ја допрев. Моите адвокати ќе ја докажат мојата невиност. Јас нема сторено ништо лошо“ – вели низ солзи Антони.

ПретходноДеспотовски: Ги знаеме Италијанците од Медитеранските Игри, најдобри се во секоја смисла
СледноХоландија со проблеми пристигнува во Скопје, главната звезда не сака да игра за У21