Следното лето Европскиот фудбалски шампионат ќе се одржи во Германија. Квалификациите за овој турнир се во полн ек, и наскоро ќе се дознае кој патува за таму.
Од друга страна пак, УЕФА денеска одлучи каде најдобрите селекции од Стариот континент ќе се соберат во 2028 односно 2032 година.
Фудбалските сојузи на Англија, Северна Ирска, Република Ирска, Шкотска и Велс заеднички ќе го организираат турнирот во 2028 година.
Од друга страна, Фудбалските сојузи на Италија и Турција одлучија заедно да се кандидираат за 2032 година и апликацијата им е одобрена. Со оглед на фактот што одлуката е донесена денес, наскоро ќе има повеќе информации околу двата турнири.










