Уште едно заминување од таборот на ФК Вардар. Досегашниот директор на младинската школа на Вардар, и тренер на генерацијата, младинци, Бобан Бабунски замина во С. Арабија во пакет со доскорешниот спортски директор на клубот, Ѓоко Хаџиевски.
Спортспорт дознава дека Бабунски веќе е дел од тимот на Хаџер кој што е дел од второлигашката конкуренција во оваа земја.
Тоа значи дека, ФК Вардар останува без уште едно звучно име од оние кои што решија да бидат дел од новата структура која што раководи со клубот, и која што реши да му помага на клубот во овие многу тешки моменти.
Клубот се обиде да го оправда заминувањето на Хаџиевски со некакво си соопштение во кое се вели дека тој од С.Арабија и натаму ќе бил спортски директор, и ќе се обидел да помогне. Е сега, дали тоа ќе се случи и со Бобан Бабунски, не веруваме, затоа што да се биде директор на младинска школа на најтрофејниот клуб во Македонија од друг континент е тешко изводливо, а пак да се биде и тренер на младинците уште повеќе.















