Пелистер го запиша петтиот триумф оваа сезона, откако на гостувањето кај Пролет славеше со 22-26 во меч од шестото коло во Супер-лигата. Битолчани не минаа според очекувањата, младиот домашен состав пружи силен отпор, па гостите мораа добро да се испотат за да дојдат до целиот плен.
Тајник беше стрелец на пет гола, Радивојевиќ на еден помалку кај македонскиот првак, на другата страна Василевски, Димковски и Палески имаа по четири погодоци.
Пролет водеше со 2-1, 8-6 и 9-7. По што гостите со серијата од 6-0 поведоа со 9-13, на одморот резултатот беше 11-14. Сепак и во второто полувреме, Пролет не му отвори простор на противникот лесно да дојде до убедлив триумф, се враќаше од негатива од пет гола, дојде на минус три, но разбирливо силата ја имаше македонскиот првак.
За Пролет ова беше втор пораз оваа сезона со кој ќе остане на третото место зад Пелистер и лидерот Вардар во групата Б.
По оваа средба, Пелистер се врти кон Лигата на шампиони веќе во четврток го чека гостување кај ПСЖ.










