Руди Гарсија и официјално повеќе не е тренер на Наполи. 59-годишниот Французин на крајот сепак доби отказ и покрај тоа што италијанските медиуми објавија дека тој ќе остане во клубот.
На негово место пристигнува Пасквале Марино. Тој е актуелен тренер на Бари, уште еден тим во сопственост на Де Лаурентис, газдата на Наполи.
Покрај Бари досега ги тренираше Удинезе, Парма, СПАЛ, Џенова, Палермо…










