Македонската фудбалска репрезентација до 21. година на 17 октомври во Кишињев, Молдавија го игра следниот дуел од тековните квалификации. Меч во кој сме фаворити на хартија, особено по добро одиграните мечеви против Шведска, односно Холандија, и каде што реално ни пораснаа и апетитите за успех во оваа кампања.
Сепак, тоа што сме со таков статус пред стартот на мечот, не значи дека на терен тоа самото по себе и ќе дојде. Нормално, тоа треба да се заработи со максимален ангажман, битка за секоја топка, и нормално оставање срве на терен.
„Задоволен сум од тоа што го покажавме на воведните два натпревари од квалификациите против Шведска и Холандија, поседуваме голем квалитет. Одигравме фантастично во Шведска, каде што успеавме да издвојуваме тешка победа против многу квалитетен противник. Против Холандија одигравме уште еден добар меч, но несреќно бевме поразени. Креариавме многу можности за погодок, но реализација немавме. Противник како Холандија тоа умешно го искористи и успеа да триумфира во Скопје. Во иднина ќе мора да ја поправиме нашата реализација и се надевам дека ќе успееме во тоа. Против Моладавија мораме да одиграме борбено, офанзивно и пред се концентрирато, особено во завршницата. Мораме да ги искористиме нашите можности на овој натпревар, доколку сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Имаме потенцијал и квалитет за големи достигнувања. Нашата цел е пласман на Европско првенство. Мораме да продолжиме да играме добро, мотивирано и да се подобруваме од натпревар во натпревар. Се надевам дека на крајот ќе се радуваме и ќе имаме успешни квалифиакции“ – изјави македонскиот младински репрезентативец, Лука Станковски.










