Алкараз со пораз го стартуваше завршниот мастерс во Торино!

943

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е поразен на првиот меч од завршниот мастерс во Торино. Тој попладнево загуби од Александар Зверев со 1:2 во сетови. Интересно, ова е трет меч во серија на кој младиот Шпанец губи.

Алкараз го доби првиот сек со тајбрејк, беше 7:3, но потоа Германецот во вториот сет беше одличен и го доби со 6:3, а во решавачкиот трет сет, Зверев ги искористи сите слаби моменти на младиот Шпанец и истиот го доби со 6:4 за конечна победа од 2:1 во сетови.

Очигледно е дека Алкараз има проблем кога се игра на тврда подлога во сала, никако не може да ја пронајде вистинската форма од пред неколку месеци.

ПретходноТренерот на Силкеборг: Алкалоид е брз, мора да најдеме начин да го затвориме!
СледноГрчевски го објави списокот на ракометарки за пријателски средби со В. Британија