Ал Итихад без проблеми ја мина првата пречка на светското клупско првенство (ВИДЕО)

210

Саудискиот шампоион Ал-Итихад го совлада новозеландскиот Окленд со 3:0 во првиот меч на ФИФА Светското клупско првенство кое се одржува во Са. Арабија.

Саудијците победата ја обезбедија уште во првите 45 минути со головите на Ромарињо, Канте и Бензема. Во второто коло тие ќе играат против египетскиот Ал Ахли.

За пласман во полуфиналето ќе се борат и мексиканскиот Леон и јапонскиот Урава Ред Дајмондс.

Победниците на Лигата на шампионите на УЕФА и Копа Либертадорес, Манчестер Сити и Флуминенсе ќе влезат во борбата од полуфиналната фаза.

ПретходноРеал Мадрид во јуни добива мега – засилување, но не е Мбапе!
СледноПроблеми за Постекоглу: Тотенхем ќе мора без Сон шест недели?!