Уште една европска обврска за нашите судии кои ја делат правдата и на европската сцена.
Па така Александар Ставрев ќе биде главен судија на сребата Фенербахче – Трнава во Истанбул. Ова е натпревар од групната фаза во Лига Конференции кој се игра во четврток.
Негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов и Гоце Петрески а четврти Ивана Пројковска.
Инаку претседателот на Судиската комисија, Димитар Мечкаровски, е одреден да биде контролор на судењето на средбата Генк и Чукарички, средба исто така од Лига Конференции која е закажана за в четврток.










