Фарук Коча денеска во светот на фудбалот е најспоменувано име. Претседателот на Анкарагучи синоќа за време на мечот со Ризеспор, го удри судијата Халил Умут Мелер, поточно го патосира кој заврши во болница, а самиот Коча денеска е уапсен.
За тоа што беа причините за таквиот негов гест, претседателот на Анкарагучу имаше свој коментар:
„Овој инцидент се случи поради неправилни одлуки на судијата и неговото провокативно однесување. Целта ми беше вербално да изреагирам на неговите постапки и да го плукнам во лице. Да, го удрив судијата во пределот на лицето, а тој прво стоеше 5-10 секунди па потоа падна на теренот“.










