Ставрев “главен“ во Истанбул, Мечкаровски ќе биде контролор во Белгија!

1994

Уште една европска обврска за нашите судии кои ја делат правдата и на европската сцена.

Па така Александар Ставрев ќе биде главен судија на сребата Фенербахче – Трнава во Истанбул. Ова е натпревар од групната фаза во Лига Конференции кој се игра во четврток.

Негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов и Гоце Петрески а четврти Ивана Пројковска.

Инаку претседателот на Судиската комисија, Димитар Мечкаровски, е одреден да биде контролор на судењето на средбата Генк и Чукарички, средба исто така од Лига Конференции која е закажана за в четврток.

ПретходноПоради напад на судијата: Уапсен претседателот на Анкарагучу!
СледноПретседателот на Анкарагучу: Намерата ми беше да го плукнам во лице судијата!