Хрватскиот ракометен судија Матија Губица од страна на ЕХФ е казнет со тригодишна суспензија и парична казна од 6.000 евра.
Сепак дел од казната е условна, и нема право да суди до 1 јуни 2024 и сега ќе треба да плати само 2.000 евра.
Матија Губица и Борис Милошевиќ важеа за едни од најдобрите судиски парови во светот. Имаат во своето резиме и СП, ОИ, ЛШ, ЕП.
Но, откако данската ТВ2 ги посочи како едни од судиите кои наводно местеле натпревари ЕХФ веќе не ги делегираше. И само што се израдуваа Данците дека ете тие покренале акција на ЕХФ и се испофалија дека по нивната емисија Губица и Милошевиќ веќе не се делегирани, денеска исплива поинаква вистина.
Против Борис Милошевиќ и Матија Губица е поднесена пријава од хрватски клуб Казната е поради кршење на основните начела на Етичкиот Кодекс и Кодексот на однесување на ЕХФ. Виена не даде детали, но подвлекува дека случајот не е поврзан со никакви наводи за можно местење на натпревари.
Хрватските медиуми, пак, го поврзуваат овој судија со обложување, но дали е тоа кршењето на основите не етичкиот кодекс или нешто друго, засега може само да се шпекулира.










