Од денеска и официјално, 39-годишниот Џорџо Киелини одлучи да ја заврши фудбалската кариера. Тој со објава на социјалните мрежи најави повлекување од активното играње.
„Ти беше најубавото и најинтензивното патување во мојот живот. Ти ми беше се. Заедно со вас поминав уникатен и незаборавен пат. Но, сега е време да започнеме нови поглавја, да се соочиме со нови предизвици и да пишуваме поважни и повозбудливи аспекти од животот“, напиша Киелини на социјалните мрежи.
Киелини неодамна играше за Лос Анџелес ФК, но ќе остане запаметен по настапите во дресот на Јувентус за кого одигра 561 натпревар. Дефанзивецот има освоено многу титули во текот на кариерата, а во 2021 година се закити и со титулата Европски шампион.










