Ракометарите на Струга ја извојуваа посакуваната победа над Аеродром во мечот од 14. коло на Суперлигата и успеаја да се најдат меѓу четирите тима од групата „А“ кои ќе играат во плеј-оф делот. Стружани доминираа на дуелот со Аеродром и на крајот остварија висока победа од 34-23, која за нив беше седма сезонава, доволна за четвртото место кое води во разигрувањето за титулата.
Бошњак со осум погодоци беше најефикасен кај домашните, додека кај Аеродром Костов со шест погодоци беше најефикасен.
Ракометарите на вториот тим на Е. Пелистер дојдоа до посакуванат апобеда н агости кај Куманово (24-27), но за нив поразот на Аеродром во Струга беше пресуден да не успеат да се пласираат во плеј-офот. Битолчани одиграа добар натпревар во кој и Куманово имаше свои шанси, но на крајот победата им припадна н агостите.
Белистојановски постигна 7 гола за Е. Пелистер 2, додека кај Куманово исто толку гола постигна и Ѓурковиќ.










