Дестини Удоги денеска и официјално го продолжи договорот со Тотенхем до летото 2030 година.
Италијанецот го имаше својот голем пробив оваа сезона и со тоа го убеди раководството на Тотенхем да му понуди нов договор. Левиот бек потпиша договор со важност до 2030 година со што потврди дека во редовите на Спарс во него гледаат голема иднина.
Удоги досега има 14 натпревари и еден гол во дресот на Тотенхем.










