Во Барса немаше место за нив, а сега тие се најдобри стрелци во Сегунда

3705

Двајца поранешни фудбалери на „Ла Масија“, познатата фудбалска школа на Барселона се најдобри стрелци во втората шпанска лига – Сегунда дивисион во сезоната 2023/24. И двајцата имаат по 10 гола по 21 одиграно коло.

Хави Пуадо е роден во Барселона, а првите фудбалски чекори ги направил во Барселона. По три години во „Ла Масија“ одлучил да премине во локалниот ривал Еспањол, каде што го продолжува својот развој и сега е првотимец на овој клуб.
Тој има 10 голови во Сегунда исто колку и Жералд Пеке Фернандез кој исто така е поранешен член на „Ла Масија“. За разлика од Пуадо, Пеке ја напушта Барселона малку подоцна, поточно во 2020 година за да потпише за Сантандер како слободен фудбалер каде што ќе добива минутажа за разлика од каталонскиот тим каде што тешко можел да се пробие во првиот тим.

По една сезона на прилагодување (еден гол во 24 настапи), но веќе оваа сезона го покажа вистинското лице. Поголема самодоверба и опасен пред противничките голови.
И тој има 10 голови на своето конто плус една асистенција по 21 лигашки меч.

На третото место на листата на стрелци се наоѓа уште еден поранешен фудбалер на Барселона, Мартин Брајтвајт кој има девет голови за Еспањол.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Милан Ристовски е нов фудбалер на чешки Бохемианс
СледноКошмарот на Арда Туран: Ги изгубив сите пари кои ги заработив во мојата кариера!