Веќе две години во светот на фудбалот една од топ – темите е дали Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид. Од денеска и официјално “кралевите“ ги започнаа преговорите со Мбапе, на нив им се приклучуи и мајката на Килијан која е негов менаџер. Се знае ставот на Дон Флорентино Перез а тоа е – земи или остави. Мбапе има рок до 15 јануари да каже дали на лето ќе оди во Реал или не. Ако не се произнесе во текот на овие две недели, тогаш засекогаш ќе си ја затвори вратата на “Сантијаго Бернабеу“.
Јасно е дека ПСЖ нема така лесно да го пушти, посебно не во Реал Мадрид.
Инаку денеска медиумите во Франција лиферуваат вести дека Мбапе би можел да заврши и во Ливерпул, посебно ако се знае дека неговата мајка била голем фан на “редси“ и дека таа ќе притисне, ако веќе си замине од Париз, тоа да биде во Премиерлигата и тоа во Ливерпул.
Сагата продолжува и во новата 2024 година…










