Гордон се врати на тренинзи откако беше изгризан од неговиот ротвајлер

1903

Арон Гордон се врати на тренинзите на Денвер и најверојатно ќе биде во тимот за натпреварот против Шарлот.

Тој се врати во акција една недела откако беше каснат од сопствениот ротвајлер. Како резултат на тоа, играчот доби 21 конец на десната рака и лицето.

Гордон изјави дека е подготвен да се врати на паркетот, а главниот тренер Мајкл Мелоун истакна дека Гордон изгледал добро на неделниот тренинг.

Гордон рече дека неговото четиригодишно куче, кое го посвоил, престојувало кај неговите роднини поради неговите чести патувања на гостински натпревари во НБА. Кучето го касна додека си играл со него по победата на Нагетс над Вориорс на Божиќ.

„Претпоставувам дека бев малку груб. Малку се занесе и буквално почна да ме јаде. И порано сум играл со конци на рацете, така што ова не е ново. Не ми е гајле за шевовите на лицето, немаме натпревар за убавина“, рече Гордон.

ПретходноРоналдо за роденден на својата мајка и купи ново Порше (ВИДЕО)
СледноСловенечко чудо во Гармиш-Партенкирхен!