Ливерпул го совлада Њукасл во меч со шест гола и промашен пенал

697

Првиот меч во Премиер лигата во 2024 година се одигра на „Енфилд“ каде што се соочија Ливерпул и Њукасл. „Црвените“ ги совладаа „страчките“ со 4:2 и сите голови паднаа во второто полувреме.

Во првиот дел домашните притиснаа, на Луис Диаз му беше поништен гол поради офсајд, а во 22 минута истиот играч беше соборен во казнениот простор по што следуваше пенал за Ливерпул. Но Дубравка го одбрани шутот на Салах, а во продолжение на акцијата Арнолд ја испрати топката преку голот.
Во 39 минута шут на Арнолд заврши во гредата. А две минути претходно ВАР му поништи гол на Берн за Њукасл.

Погодок падна уште на стартот на вториот дел. Мохамед Салах ја погоди мрежата на Дубравка. Но радоста кратко траеше затоа што Александер Исак изедначи.
Тренерот Јирген Клоп одлучи да направи тројна измена со тоа што ги внесе Гравенберх, Гакпо и Диого Жота на местото на Собослаи, Диаз и Нунез. Тоа беше полн погодок. На асистенција на Жота погоди Кертис Џонс, а веднаш потоа и Колин Гакпо.
Во меѓувреме Ботман го намали резултатот на 3:2 за во 86 минута Дубравка да направи прекршок за пенал. Салах овојпат не греши и погодува за конечни 4:2.
Ливерпул е лидер на табелата со 45 бода, три повеќе од второпласираната Астон Вила по 20 кола. Трет е Сити со 40 бода но и меч помалку.

Њукасл е на деветтото место и го запиша третиот пораз по ред односно деветти сезонава.

ПретходноБока Јуниорс се засилува со екс-играч на Севиља, Интер и Валенсија
СледноАктивирана чудната клаузула во договорот на Дибала