Бока Јуниорс се засилува со екс-играч на Севиља, Интер и Валенсија

757

Бока Јуниорс го отвори пазарот на фудбалери и веднаш договори искусен играч кој се враќа во редовите на финалистот на Копа Либертадорес. Бока доби нов претседател во Хуан Роман Рикелме, а потоа и нов тренер Диего Мартинез, а првиот нов играч е поранешниот аргентински репрезентативец Евер Банега.
Аргентинецот има договор со Ал Шабаб уште шест месеци, но бара од клубот да му дозволи да се врати во Аргентина и во матичниот клуб. Сепак, Ал Шабаб има право на отштета и ќе побара четири милиони долари што не е проблем за Бока.
Банега, кој е екс-играч Валенсија, Севиља, Интер, ќе се пресели во Бока до крајот на неделата.
На списокот на потенцијални засилувања е фудбалерот на Коринтијанс, Матијас Рохас, играчот на Кордоба, Родриго Гаро и крилото на Унион Санта Фе, Кевин Зенон.

ПретходноOва се стрелците на првиот гол во 2024 година и последниот во 2023 година
СледноЛиверпул го совлада Њукасл во меч со шест гола и промашен пенал