Oва се стрелците на првиот гол во 2024 година и последниот во 2023 година

364

Интернационалната Федерација за фудбалска статистика (ИФФХС) ги официјализира последниот гол за 2023 година и првиот погодок за 2024 година во професионалниот фудбал.
Па така првиот гол во 2024 година падна во Австралија. На мечот меѓу Вестерн Сити Вондерерс против Макартур во А лигата. Првиот стрелец е шведскиот интернационалец Маркус Антонсон кој во 3 минута го отвори резултатот за својот Вондерерс во триумфот од 3:1. Тоа се случи во 7:03 часот наутро по македонско време.
А од друга страна последниот гол во 2023 година е постигнат на Јамајка. Автор е Жалмаро Калвин во 34 минута во триумфот на Кавалиер над Данбехолден со 1:0. Тој гол е постигнат пол час пред полноќ.

ПретходноЗарем е можно? На многумина бразилски фудбалери и фанови идол им е Аргентинец! (ФОТО)
СледноБока Јуниорс се засилува со екс-играч на Севиља, Интер и Валенсија