Газета: Од денеска Пауло Дибала има откупна клаузула од 13 милиони евра!

782

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала од денеска може да го напушти „Олимпико“ во насока на клуб надвор од Италија и тоа доколку заинтересираниот плати 13 милиони евра, пишува „Газета дело Спорт“.
Од 1 јануари аргентинскиот напаѓач се активира клаузулата која ќе го направи Дибала „слободен“ од Рома за само 13 милиони евра, но таа клаузула важи само за клубови надвор од Италија. Се разбира во случај фудбалерот да сака да си оди од Рим и плус новиот клуб да ги задоволи неговите финансиски побарувања.
Таа клаузула не важи за италијанските клубови. Тие кои ќе го посакаат Дибала ќе мора да уплатат и бонус од неколку милиони евра.

ПретходноОфицијално: Ван де Бек е нов фудбалер на Ајнтрахт (Ф)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Милан Ристовски е нов фудбалер на чешки Бохемианс