Ете, и тоа го доживеавме. Имено јавна тајна е дека Лео Меси им е идол на половина, или многумина, бразилски играчи и фанови. Ова секако дека е голем удар за сите во Бразил, посебно ако се знае дека до пред деценија – две ривалството меѓу Бразил и Аргентина беше и повеќе од фудбалско.
Ова го потврдува и Фелипе Мело, некогашниот дефанзивец на репрезентацијата на Бразил и сегашен член на Флуминенсе.
“Лео е најдобар фудбалер што сум го видел. Ако не постигне три гола тогаш ќе намести три гола. Тоа е разликата меѓу него и останатите. Имам фотографија на Меси во мојот дом, целта е да видат мои деца и внуци дека сум играл против него. Јавна тајна е дека Меси е идол на многу Бразилци“ посочи Мело.










