Интер го договори првото засилување за 2024 година

568

Интер има нов фудбалер, а се работи за крилниот фудбалер Тајон Буханан кој доаѓа од редовите на Клуб Бриж од Белгија. Се работи за канадски репрезентативец кој во среда ќе слета во Милано за да потпише договор и ќе може да дебитира на првиот меч на Интер во новата година против Верона на 6 јануари.
Неофицијално, сумата за трансфер ќе изнесува меѓу 7 и 8 милиони евра. Фудбалерот ќе потпише договор до јуни 2028 година.
Буханан има три гола и четири асистенции во 20 настапи за Бриж во сите натпреварувања сезонава. Тој ќе го замени повредениот Хуан Квадрадо кој ќе отсуствува најмалку три месеци поради повреда.

ПретходноРеднап: Овој Арсенал изгледа изгубено
СледноЗа крај на 2023 година: Падна светскиот рекорд на 5 километри!