Чудни математики на клубовите: Претпочитаат да фрлаат пари на казни отколку да имаат исправни технички уреди

369

Касата на македонската кошаркарска федерација од коло во коло постојано се полни. Дел од „пеналите“ за кои плаќаат клубовите се поради технички грешки, неспортско навивање, фрлање на тврди предмети и слично. Ова е нешто врз кое немаат целосна контролира, како на реакцијата на кошаркарите на теренот, или пак навивачите на трибините особено кога станува збор за навредливи скандирања, тврдите предмети се вина на клубовите кои дефинитивно треба да ги засилат мерките при влез во една сала, бидејќи на крајот денот тие „фрлаат“ бројни парични средтва.

Но, она што падна во очи оваа сезона, се казните кои клубовите сакаат да ги плаќаат отколку да вложат во нешто што се вика исправни технички уреди. Во едно модерно време, во кое условите за игра треба да бидат перфектни, кај нас има и такви клубови кои не обрнуваат внимание на овие детали. Тие веќе ги имаат пресметано парите кои ќе ги дадат за казна, па затоа не се „мачат“ да ги исполнат условите кои ги бара КФСМ или кои се важни ако си професионален тим. Де не заборавиме сите тие земаат ваучер, бидејќи ги исполнуваат сите услови за да опстојуваат.

Чудно, но вистинито дел од клубовите за домашните мечеви редовно добиваат парични казни на име неисправни технички уреди, поточно плаќаат по 3.000 денари за секој натпревар одигран на свој терен.

Што спаѓа во делот неисправни технички уреди: Немање на парамтер за жолти сијалички на двете табли, немање на црвена лента за истек на 14/24 секунди на кошевите.

За клубовите овие работи се неважни, зошто да ги набават кога можат да си плаќаат и да поминат можеби поефтино. Од она што се распрашавме, дефинитивно им се исплати да не изгледаат целосно професионално. Можеби доколку КФСМ од коло во коло ја зголемува казната, би се променило нешто, а не да им дава шанса да платат половина од сумата доколку ја подмират во рок од осум дена.

Според информациите од Билтените по одигрување на секое коло во Првата лига, седум тима до сега добивале вакви казни.

Кога сме кај паричните казни, дел од клубовите не ги почитуваат пропозициите за дресовите, па плаќаат по 4.000 денари за неправилно одбележани дресови.

На крајот на денот, сите пари кои ги фрлаат од коло во коло би можеле наместо во касата на КФСМ, да ги пренасочат за нешто попаметно…

ПретходноДијамантот со нов дрес во новата година, од утре на подготовки со Лајпциг! (ФОТО)
СледноПо Меси веќе никој нема да ја носи “десетката“ на Аргентина!