Во последните денови од минатата 2023 година Елиф Елмас го направи најголемиот трансфер во историјата, кога станува збор за наши фудбалери. Дијамантот се пресели од Наполи во Ред Бул Лајпциг за сума од 25 милиони евра. Веќе е извршена промоцијата а новиор дрес, искрено, убаво му стои. Ќе го носи дресот со бр.6 во наредните неколку години, поточно до 2028 година.
Да потсетиме дека веќе утре Елмас треба да се појави во тренинг кампот на Лајпциг во Ла Манга во Шпанија.










