Меч ќе се преигрува поради погрешна одлука на ВАР

10703

Од Белгија доаѓа вест која го изненади фудбалскиот свет и одлуката да се преигра натпревар поради погрешна одлуката на судиите од ВАР собата. На мечот меѓу Андерлехт и Генк е донесена одлука поради која двата славни клубови ќе мораат да преигруваат.

Мечот е одигран на 23 декември. Во првото полувреме при резултат 0:0 е досуден пенал за Генк. Фудбалерот на Генк, Паинтсил го погоди во рака дефанзивецот на Андерлехт, Делејни и судијата Натан Вербумен тоа не го виде, но затоа ВАР го повика да ја прегледа снимката и потоа досуди пенал за гостите. До тука нема ништо спорно.
Хејнен го изведе пеналот, но неговиот удар го одбрани Шмајхел, кој потоа беше немоќен кога одбиената топка Сора ја „закова“ во неговата мрежа.
Меѓутоа судијата покажа дека пеналот мора повторно да се изведе. Но судиите од ВАР собата јавиле дека пеналот не треба да се повторува и дека треба да се досуди индиректен удар за Андерлехт затоа што еден од играчите на Генкк прв влегол во казнениот простор.
Во ВАР собата е востановено дека при ударот стрелецот на голот Сор веќе влегол во казнениот простор. Меѓутоа, на фотографијата јасно се гледа дека и двајца играчи на Андерлехт предвреме влегле во шеснаесетникот.

Правилата на фудбалската игра се такви што пеналот се повторува во случај кога играчите на дефанзивниот и напаѓачкиот тим ќе влезат во казнениот простор пред изведување на пеналот.
Така судијата на мечот донел исправна одлука пеналот да се повтори, меѓутоа од ВАР собата го „измамиле“ главниот судија и сега мечот ќе се преигра. Инаку Андерлехт го добил мечот со 2:1 и најави жалба.

ПретходноХајдук „краде“ играч на Динамо – во Сплит доаѓа репрезентативец на Хрватска
СледноКои се непосакуваните противници на Македонија во бараж мечот за СП 2025?