Натпревар во кариерата за Тајрис Макси, со 51 поен, го надополни отсуството на Џоел Ембид, а Филаделфија славеше против Јута со 127-124. Харис постигна 28, споменатиот Макси погоди неколку слободни фрлања во финишот. Џезерите ја бркаа предноста на гостите во текот на целиот меч. Јута скапо ги плати грешките и тоа што прими 27 поени од транзиција.
Кошаркарот на Филаделфија 76ерс, Џоел Ембид, пред неколку дена против Голден Стејт Вориорс заработи нова повреда на коленото, поради што повторно мораше да паузира.
Така ќе биде и за време на викендот, кога ќе биде направена нова проценка на неговата повреда. Тимот стравува дека пукнал менискусот на коленото, а ако навистина е така, Џоел Ембиид ќе ја заврши сезоната.
Њујорк – Индијана 109:105
Бостон – ЛА Лејкерс 105:114
Мемфис – Кливленд 101:108
Јута – Филаделфија 124:127










