Официјално: Црна Гора со Просинечки како селектор на мегдан со Македонија!

234

Она што се најавуваше во текот на вчерашниот ден од денеска е и официјално. Славниот Роберт Просинечки и официјално е нов селектор на Црна Гора, тој ќе биде предводникот на најдобрата селекција на оваа земја во следната година. Договорот е потпишан со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ.

Ова значи дена на 25 март на пријателската во Анталија со Македонија, на клупата на репрезентацијата на Црна Гора ќе седи токму славниот Жути.

Како што велат од раководството на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, сите членови на УО едногласно донеле одлука токму Просинечки да биде новиот селектор.

ПретходноПред два дена се договори со Барселона, а сега потпишува за Тотенхем
СледноГолеада во Анталија: Шампионот поразен од Лоѓ!