Перез дотрча кај Бразилците, на новото засилување му порача: Те чекаме тука!

253

По спектакуларното реми 3-3 помеѓу Шпанија и Бразил на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, се случи емотивна средба. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се сретна со своите Бразилци Винисиус Жуниор, Родриго и новото засилување Ендрик.

Шефот на кралскиот клуб срдечно му честиташе на младиот бразилски напаѓач, кој пред неколку дена стана најмладиот стрелец во историјата на легендарниот „Вембли“ кога постигна гол за победа над Англија ид 1:0.

„Те чекаме тука“, му рекол Флорентино Перез на 17-годишниот Ендрик, кој на лето ќе му се приклучи на Реал Мадрид. Во меѓувреме, Винисиус се шегуваше со претседателот предупредувајќи го дека доаѓа и Родриго.

Перез насмеано му честиташе на голот, додека Родриго на крајот му го даде дресот и двајцата насмеани позираа пред камерите.

ПретходноНејмар се враќа во Европа, веќе го известил претседателот на новиот клуб
СледноСтигна лоша вест за Анчелоти, навивачите во очај