Работнички се избори за меч повеќе на домашен терен во плеј-оф полуфиналето

111

Одбојкарките на Работнички го добија скопското дерби со Јанта Волеј со 3:1 во последното коло од регуларниот дел од сезоната. Со тоа, шамионките во плеј-офот ќе тргнат од домашен терен, токму во серијата против Јанта Волеј, додека во второто полуфинале ќе гледаме струмичка пресметка меѓу Струмица и Наковски Волеј.

Актуелните освојувачки на Купот на Македонија, Струмица, сезоната на домашната сцена ја завршија со 19 победи и само еден пораз и како голем фаворит ќе се обидат да ја освојат и двојната круна.

Во плеј-аут делот, Младост УГД убедливо славеше против Вардар 2019, додека Вардар ЕМ обезбеди изненадувачка победа на гости кај Фит Фан Волеј.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, 6. коло

Струмица жени – Наковски волеј                   3:0 (26:16, 25:22, 25:12)

Работнички Скопје – Јанта волеј                     3:1 (25:22, 17:25, 25:22, 25:22)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (54); 2. Работнички (38); 3. Јанта Волеј (36); 4. Наковски В. (32);

Прва лига (жени), Втора фаза-2, 6. коло

Вардар 2019 – Младост УГД                         0:3 (7:25, 12:25, 8:25)

Фит фан волеј – Вардар ЕМ                          0:3 (13:25, 18:25, 24:26)

ТАБЕЛА: 1. Фит Фан Волеј (33); 2. Младост УДГ (27); 3. Вардар ЕМ (16); 4. Вардар 2019 (0).

ПретходноПартизан му нуди на Обрадовиќ нов тригодишен договор
СледноЛече имаше 27 шута на гол, но не успеа да ја победи Рома