Словенија во огромни проблеми, покрај Шешко отпаднаа уште двајца репрезентативци

49

Македонската фудбалска репрезентација ја има Лигата на Нациите како свој предизвик пред себе. Б дивизијата е наш нов дом, каде што не чекаат дуели со Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Стартуваме со швајцарците на домашен терен на 26 септември, а три дена подоцна во Љубљана се среќаваме со Словенија на стадионот Стожице.

Словенците имаат огромни проблеми во моментов што се однесува до составот. Нивната главна звезда Бенјамин Шешко, напаѓачот на Манчестер Јунајтед е повреден и дефинитивно е во „аут“.

Освен тој уште двајца репрезентативци го откажаа својот настап. Жан Залтел и Ник Превец се повредија викендов, а на нивно место дополнително се повикани како опција, Жан Целар и Јуре Балковец.

 

ПретходноЗидан е под посебна заштита – доби личен телохранител
СледноТри победи во шест меча за кик бокс експедицијата на Македонија на светското во Италија