Македонската женска ракометна репрезентација е пред пласман на ново Европско првенство. Само чудо може да го урне сонот за континенталното натпреварување, на нашите ракометарки им преостанаа уште два натпревари од квалификациите, против Азебејџан на гости и против Литванија дома.
Мечот со Азербејџан е на 3. април во Баку, додека печат на европската виза ќе бараат против Литванија во СЦ „Борис Трајковски“ на 7. април (18 часот). Влезот за овој натпревар е слободен.
Македонија е втора на табелата во својата група, со две победи (против Азербејџан и Литванија) и два порази од Шпанија.